На само неколку дена пред премиерата на „Marry Me“, Џенифер Лопез и Малума ја објавија заедничката песна која ќе биде дел од саундтракот на филмот.
Дуетот го носи истиот наслов, „Marry Me“, а во филмот ќе биде изведувана од ликовите Кет Валдез (Џеј Ло) и Бастијан (Малума), кои се музички ѕвезди.
Слушнете ја:
Филмот ја следи приказната за музичките ѕвезди Кет Валдез и Бастијан кои треба да се венчаат на сцената пред милионска публика. Но, минути пред свадбата, дотераната невеста дознава дека е изневерувана и одлучува да се омажи за Чарли (Овен Вилсон), маж од публиката кој без да знае држи транспарент со натпис „Омажи се за мене“.