Џенифер Лопез и Малума се одлично дуо. Покрај тоа што имаат неколку музички соработки, познатите латино ѕвезди заедно глумат и во новиот филм „Marry Me“.
51-годишната пејачка и 26-годишниот колумбиски пејач снимија фотосесија за Billboard за да го промовираат новиот филмски проект.
Џеј Ло изгледа сексапилно и заводливо во атрактивни креации додека позира покрај Малума.
Врвни модни куќи како Долче и Габана, Луј Витон, Версаче и Џанвито Роси позајмија креации за снимањето на фотосесијата.