Џенифер Лопез повторно е насекаде, а повод за тоа е промоцијата на нејзиниот нов филм „Marry Me“.
За гостувања во телевизиски емисии, 52-годишната пејачка и актерка се појави во три модерни стајлинзи.
Во „Today Show“, Лопез гостуваше во впечатлив фустан и палто од Фенди кои ги искомбинира со бежови чизми. Змискиот аутфит е комплетно од Роберто Кавали, додека розовата комбинација доаѓа од модната куќа Валентино.






















