Џенифер Лопез и Малума имаат две нови заеднички музички дела. Славните пејачи објавија еден спот за двете песни „Pa Ti“ и „Lonely“.
Во видеозаписот, Лопез е милијардерка која живее во луксузна палата, додека Малума е нејзин телохранител. Подоцна се дознава дека таа е под истрага поради нејзиниот бизнис.
Малума будно ги следи нејзините бизнис зделки, по што се открива дека тој е таен агент за FBI и ја уапсуваат Лопез.
Песните „Pa Ti“ и „Lonely“ ќе бидат дел од филмот „Marry Me“, во кој глумат и Џеј Ло и Малума.