Џенифер Лопез не се откажува од блескавите креации ни во своите филмови.
50-годишната актерка и пејачка изгледаше гламурозно во сребрена креација покрај нејзините колеги Малума и Овен Вилсон на снимањето на сцена за филмот „Marry Me“.
Фустанот со разголен грб и висок шлиц е дело на дизајнерот Мајкл Костело.
„Marry Me“ следи поп-ѕвезда (Џенифер), која дознава дека саканиот (Малума) ја изневерува со нејзината асистетка и за време на настап, спонтано избира маж од публиката (Овен) за да се омажи за него.
Филмот ќе започне да се прикажува во киносалите следната година.