Тејлор Свифт има нова музика.
31-годишната пејачка го објави спотот за песната „I Bet You Think About Me“. Во него, таа се појавува во прекрасна црвена креација на свадбата на нејзиниот бивши партнер за кратко потоа да одушеви во невестински фустан од Nicole + Felicia Couture изработуван 1.200 часа.
Актерот Мајлс Телер ја има главната улога во видеозаписот режиран од Блејк Лајвли.
Фановите не престануваат за шпекулираат дека спотот и песната се за нејзиниот бивш партнер Џејк Џиленхол, со кого Свифт се состануваше три месеци во 2010 година.
Песната „I Bet You Think About Me“ е дел од албумот „Red (Taylor’s Version)“.