Новата балада на Бијонсе го пронајде патот до ушите на нејзините обожаватели. „God Made You Beautiful“ е посветена на ќерката на Бијонсе и Џеј-Зи, Блу Ајви.
32-годишната пејачка сè уште ја нема завршено својата светска турнеја „Mrs. Carter“. Наскоро се очекува Бијонсе да го најави својот нов албум. Продуцентот Фарел Вилијамс неодамна изјави дека албумот е речиси готов.