Пролетните денови се совршени за експериментирање со облеката, а Меган Фокс е незапирлива во испробувањето на шик модни комбинации.
34-годишната актерка деновиве шармираше во модерни стајлинзи. Елегантните и секојдневните комбинации ѝ донесоа бројни комплименти на холивудската ѕвезда.
За неодамнешно излегување, Меган носеше џемпер со кошула-фустан од ателјето на Версаче, кои ги комбинираше со чизми од Кристијан Лобутин. Со овој изглед Меган остави најголем впечаток кај вљубеничките во модата.
Погледнете ги останатите нејзини модни комбинации од изминатите денови: