Талентирана, шармантна, атрактивна, успешна... Марго Роби заслужено е холивудска миленичка.
Славната актерка денес ќе дувне 30 свеќички на роденденската торта.
Со својата глума и способност да се трансформира во различни ликови, Марго стекна почит кај најугледните филмски режисери и критичари, па сега нејзините ангажмани се нижат со леснотија.
Едни од најпознатите филмски улоги на Марго се: Харли Квин во „Suicide Squad“, Тоња Хардинг во биграфската драма „I, Tonya“, портретирањето на Шерон Тејт во „Once Upon a Time in Hollywood“, Кралицата Елизабета I во „Mary Queen of Scots“ и Наоми во „The Wolf of Wall Street“.
Во 2017 година, Роби беше прогласена за една од 100-те највлијателни личности во светот, а во 2019 година се вброи меѓу најплатените актерки.
По повод 30-тиот роденден на Марго, потсетете се на 30 од нејзините највпечатливи стилски моменти: