Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Шерил Кол дизајнираше колекција обувки

ФОТО: Шерил Кол дизајнираше колекција обувки

Шерил Кол влезе во дизајнерските води. 28-годишната пејачка ја претстави својата прва колекција обувки. Новите осум пара обувки кои се израз на нејзината креативност се само дел од огромната домашна колекција од 2.000 пара обувки која ја поседува Шерил.

Шерил Кол

Познатата пејачка изјавила дека целта ѝ била да создаде убиствени обувки кои не ги убиваат стапалата и дека во мини колекцијата има обувки за секоја девојка.

Шерил Кол

„Мислам дека луѓето очекуваа неколку високи потпетици направени на различен начин, но јас не сум тоа. Сакав секоја девојка да има нешто со кое ќе се поврзе, што и да прави или како и да се чувствува. Сите сме различни, сите имаме различна работа. Навистина мислам дека тука има за секого по нешто“ – изјавила Шерил за колекцијата која е составена и од гламурозни и од секојдневни обувки.

Шерил Кол

Секој пар од колекцијата има свое име. На пример, чизмичките со леопардски принт се наречени Ri Ri според Ријана, а чевлите со нитни се наречени Your Royal Hotness според Пипа Мидлтон.

Обувки Шерил Кол Обувки Шерил Кол
Обувки Шерил Кол Обувки Шерил Кол
Обувки Шерил Кол Обувки Шерил Кол
Обувки Шерил Кол Обувки Шерил Кол
Обувки Шерил Кол Обувки Шерил Кол
Обувки Шерил Кол

Шерил како и секоја жена очигледно е страстен обожавател на обувки. Таа неодамна сподели дека поседува 2.000 пара обувки и ги чува насекаде низ домот.

Шерил КолШерил Кол за Grazia

„Всушност, поседувам околу 2.000 пара обувки и таа бројка е откако раздадов неколку... Ги чувам насекаде низ куќата, во шкафови во кујната, во бањата, во секоја соба. Постои голема веројатност кога ќе го отворите мојот фрижидер внатре да има пар обувки на дното“ – признала таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.