Вчера беше премиерата на новиот спот на Шерил Кол за песната „The Flood“. Во спотот се појавува само 27-годишната пејачка, а видеото е снимано во куќа со поглед кон разбранет океан.
Режисер на спотот е Софи Милер којашто претходно го режираше и спотот на Шерил за „Promise This“.
Повеќето песни на Шерил Кол имаат денс ритам, но во својот нов албум популарната пејачка реши да покаже малку повеќе емоции токму преку оваа балада. „The Flood“ е втор сингл на Шерил од нејзиниот најнов албум „Messy Little Raindrops“.