Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Британките ја прогласија Шерил Кол за жена со најмногу стил

Британките ја прогласија Шерил Кол за жена со најмногу стил

Британската пејачка Шерил Кол се здоби со уште една титула. Откако пред неколку дена официјално беше прогласена од FHM за најсекси жена на светот, нејзините сонароднички решија да ја почестат и со титулата жена со најмногу стил за изминатава деценија.

26-годишната Кол доби 34% од гласовите во анкета во која учествувале 1300 жени и ја остави Лејди Гага на второто место со 11% од гласовите.

Анкетата организирана од произведувачот на чоколадо Galaxy, покажала дека Шерил Кол има слично влијание врз актуелните модни трендови како што имала Мадона во 80-тите години.

Мадона со 31% од гласовите била прогласена за најиновативна и жена со најмногу стил за 80-тите години.

Топ 6 модни икони денес

  1. Cheryl Cole 34%
  2. Lady Gaga 11%
  3. Emma Watson 4%
  4. Sienna Miller 4%
  5. Lily Allen 3%
  6. Agyness Deyn 2%

Топ 6 модни икони на 80-тите

  1. Madonna 31%
  2. Kylie Minogue 9%
  3. Debbie Harry 9%
  4. Joan Collins 8%
  5. Annie Lennox 5%
  6. Jerry Hall 3%

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19695 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.