Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Софистицирана едноставност во новата колекција на Викторија Бекам

ФОТО: Софистицирана едноставност во новата колекција на Викторија Бекам

Кога Викторија Бекам ги правеше првите чекори во модната индустрија, малкумина веруваа дека еден ден таа ќе влезе во кругот на угледни креатори и дека во првиот ред на нејзините ревии ќе седи главната уредничка на „Вог“ Ана Винтур. Но, 39-годишната сопруга на Дејвид Бекам докажа дека заслужува да биде прифатена со почит, освојувајќи ги критичарите со сè позрели и пософистицирани колекции.

На вчерашното модно шоу во рамките на Њујоршката недела на модата, Викторија ја стави под лупата на модните критичари колекцијата есен/зима 2014, а не помина долго време пред да започнат да пристигнуваат и првите коментари.

Судејќи според рецензиите, слободно може да се каже дека ова е најдобрата колекција на Бекам досега.

Едноставните креации со издолжени силуети танцуваат помеѓу мажествениот и женствениот стил на облекување. Монотонијата на едноставните кроеви е разбиена со декорации како набори и златни синџирчиња, како и со плисирани материјали. Црната и белата боја имаат доминантно присуство, а на моменти окото го привлекуваат недефинирани разнобојни шари.

Колекција на Викторија Бекам Колекција на Викторија Бекам

Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20879 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.