Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Ријана го дизајнирала својот секси „Греми“ фустан заедно со Армани

ФОТО: Ријана го дизајнирала својот секси „Греми“ фустан заедно со Армани

Нема сомнеж дека Ријана и Армани се добар тим – само погледнете го црниот секси фустан кој Ријана го носеше на „Греми“ наградите и ќе се уверите.

РијанаРијана

По успешната соработка за рекламните кампањи на Армани, Џорџо Армани и Ријана седнаа да дизајнираат заедно, а резултатот е црн фустан во минималистички стил со длабоко деколте, гол грб и висок преден шлиц, со кој Ријана се појави на црвениот тепих пред доделувањето на „Греми“ наградите.

РијанаРијана

„Ова е соработка помеѓу мене и господинот Армани. Сакав нешто како Мишел Фајфер во Scarface“ – изјавила Ријана за E! News.

Ријана Ријана

23-годишната пејачка го искомбинира сексапилниот фустан со обувки од Кристијан Лобутин, чантичка Џими Чу и златен накит од Нил Лејн.

Ријана и Кети ПериРијана и Кети Пери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20831 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.