Зухаир Мурад ја претстави својата најнова колекција на последниот ден од Париската недела на високата мода.
Раскошните тоалети на либанскиот креатор блескаа на пистата во градот на светлината. Преку впечатлива палета која вклучуваше млечно розова, маслинесто зелена, кралска сина, бордо, златна и металик боја, Мурад ги хипнотизираше посетителите.
Сексапилните силуети во комбинација со луксузните извезени ткаенини создадоа хармонична игра од која тешко може да се тргне окото.