Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Волшебно блескава и бајковита колекција од Зухаир Мурад

ФОТО: Волшебно блескава и бајковита колекција од Зухаир Мурад

Зачекорете во волшебниот свет на Зухаир Мурад. Либанскиот дизајнер однесе луксузен блесок во Париз со својата колекција висока мода пролет/лето 2015.

Аристократски шарм изразен преку наметки и балски раскош, префинетост потенцирана преку рафинирани ткаенини кои би ги одушевиле и дамите со истенчен вкус и софистицираност претставена преку нежни пастелни нијанси се соединија во хармонична модна бајка.

Комплексните декоративни низи од кристали, бисери и мониста, деликатните апликации и цветните везови ги збогатуваа текстурите на креациите. Елегантите силуети варираа, но се задржаа во областа на класиката. Транспарентноста која дозволуваше суптилно да се ѕирне женското тело, V-изразот на деколтето или грбот и високите шлицови испраќаа сексапилни вибрации.

Мурад не внесува новитети во модата, но затоа пак без исклучок секоја сезона успева мајсторски да ја збогати модната понуда со беспрекорно гламурозни и женствени креации.

Колекција на Зухаир Мурад
Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад

Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад Колекција на Зухаир Мурад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19921 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.