Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Занесна елеганција на ревијата висока мода на Зухаир Мурад

ФОТО: Занесна елеганција на ревијата висока мода на Зухаир Мурад

На една од многуте ревии на Париската недела на високата мода беше презентирана колекцијата висока мода на Зухаир Мурад за сезоната есен/зима 2012-2013. Покрај Ели Сааб, тој е другиот либански дизајнер којшто успева да ја разбранува префинетата публика со доминирачки елегантен стил.

Дизајнерот кој облекува ѕвезди како Џенифер Лопез, Блејк Лајвли и Мајли Сајрус, претстави спектакуларен микс на рафинираност, софистицираност и женственост. Ткаенини како чипка, тул и свила, обоени во бои на скапоцени камења, оформуваа долги фустани со А-линија, заземаа силуета на сирена или стоеја блиску до телото на манекенките разголувајќи ја само едната нивна нога.

Со исклучок на неколку пара панталони, на шоуто доминираа фустаните, што само ги потврдува прогнозите дека овие фустани наскоро ќе ги видиме на црвениот тепих на манифестациите низ Холивуд.

Колекција Зухаир Мурад Колекција Зухаир Мурад

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19921 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.