Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Првата колекција обувки на Мадона

ФОТО: Првата колекција обувки на Мадона

Мадона успешно влезе во модната индустрија со помош на младешката тинејџерска линија „Material Girl“, која ја создаде заедно со својата ќерка Лурдес. Сепак, амбициозната пејачка не се задоволи со покривање само на дел од пазарот. Славната поп-ѕвезда создаде бренд за возрасни „Truth or Dare“, а сега е откриено како ќе изгледа првата колекција обувки која ќе го носи тоа име.

Колекцијата наменета за сезоната есен/зима 2012 е во стилот на Мадона – доминира црната боја, а смелиот дух е доловен преку нитни, вртоглаво високи штикли и чизми кои достигаат над колената.

Речиси и да нема тип на обувки кои не се застапени – сандали со Т-ремче, обувки тип Мери Џејн, класични чевли, ниски обувки во машки стил, балетанки, чизми тип моторки, високи секси чизми... Секој модел има во себе нешто класично, но и модерен детаљ кој го прави примамлив за храбрите и моќни жени.

Креативен консултант на Мадона ѝ била нејзината стилистка Ариен Филипс.

Градењето на „Truth or Dare“ започна со парфем, продолжи со обувки, но од тимот на Мадона ветуваат дека штом наидат на соодветни соработници, ќе продолжат да навлегуваат и во други области на модната индустрија.

Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона
Обувки Мадона Обувки Мадона

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.