Маноло Бланик како вистински познавач на женските модни желби уште еднаш создаде колекција достојна за воздишки. Најновата колекција на човекот кој се издигна во височините на модниот свет со серијата „Сексот и градот“ изобилува со елегантни модели што ја пратат силуетата на класичните обувки.
За разлика од Кристијан Лобутин кој е вљубеник во платформите и вртоглаво високите штикли, Маноло ги преферира поженствените форми, а својата креативност ја презентира преку интересни детали и додатоци кои на моменти наликуваат на делови од цвет.
Шпицестите обувки доминираат во колекцијата која повторно ја следи добитната комбинација на софистицираност и разнообразие.