Лорен Конрад ја завршува годината со нова колекција за „Kohl’s“. 27-годишната дизајнерка ја претстави декемвриската колекција со фотосесија во која недостига зимска атмосфера.
Класичните црна и бела боја преовладуваат низ колекцијата, а вистинско освежување е тиркизната нијанса. Фустаните и здолништата ја задржуваат А-линијата, додека блузите и кошулите се широки и комбинирани со тесни фармерки.
Конрад објасни дека целта ѝ била да создаде модели кои лесно ќе можат да се носат слоевито за создавање на топли комбинации.