Овогодишното издание на манифестацијата Brit Awards беше повод за стилски експерименти на славните, за кои најголем дел заработија негативни критики.
Членките на Little Mix како да се натпреваруваа која да се облече полошо. Џеси Нелсон ги истакна бујните гради во тесен кожен фустан. Ли-Ен Пинок избра фустан кој изгледаше како сложувалка од фармерски парчиња, Пери Едвардс носеше фустан со пердуви во долниот дел и корсет, додека пак Џејд Тирвал привлече големо внимание со смелиот избор да носи фустан со шлиц до колк.
Чарли XCX изгледаше како да се завила со виолетов чаршав и да го врзала на едното рамо.
Талија Сторм направи комбинација во која ниту еден елемент не си одговараше со друг.
Неуспешниот обид да изгледа како принцеза, ја стави Елиза Камингс на листата на најлошо облечени.
Били Портер зачекори на црвениот тепих во креација која потсетува на ноќница.
Погледнете како изгледаа гостинките и оценете го нивниот стил: