Изгледот на кралицата Летиција е детално анализиран од модните критичари и пошироката јавност, па затоа таа внимава секогаш да изгледа „скоцкано“ од глава до пети.
48-годишната претставничка на шпанското кралско семејство изгледаше елегантно во бордо фустан на изложба во Националната галерија во Мадрид.
Креацијата со шлиц, која доаѓа од брендот Massimo Dutti, Летиција ја искомбинира со омбре салонки од LODI и црно палто од Carolina Herrera.