Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Контроверзен фустан направен од 3000 кравји брадавици

ФОТО: Контроверзен фустан направен од 3000 кравји брадавици

Фустанот од месо на Лејди Гага ќе ви изгледа многу нормално откако ќе ја видите најновата креација на дизајнерката Рејчел Фрејр. Таа создала контроверзен фустан изработен од 3000 брадавици од крава и јак.

Британската дизајнерка планира да го покаже своето дело за време на Париската недела на модата, а таквата вест веќе ги исправи на нозе активистите за заштита на правата на животните.

Фустан од кравји брадавици
Фустан од кравји брадавици Фустан од кравји брадавици

Активистот Џастин Керсвел смета дека доволно е лош начинот на којшто го третираме добитокот и дека се преминуваат сите граници кога нивните мртви тела се претвораат во фрик-шоу на модните писти. Неговите истомисленици го нарекуваат фустанот непотребен, одбивен и одвратен.

Фустан од кравји брадавици

Самата 32-годишна креаторка веднаш застанала во одбрана на своето дело и изјавила: „Тоа ја зголемува свеста за самото животно. Јас создавам мода користејќи материјали кои во друг случај би завршиле на буниште. Ова што го правам јас е рециклирање. Луѓето кои ме критикуваат немаат поим колку кожа се троши залудно секој ден“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.