ОМГ! Сигурно овие обувки ќе се најдат на списокот на нешта кои никогаш не би ги облекле на себе. Чизмите со штикла кои наликуваат на коњски копита се наменети за жени и чинат неверојатни 1500 евра.
Но, пред да си помислите дека се чиста имитација, добро е да знаете дека врз нив има 5000 вистински коњски влакна.
Лимитираната колекција ќе се најде на продажба од вторник на познатиот фестивал во Челтенхем, Велика Британија. Фестивалот, во чии рамки се одржуваат трки со коњи и кој привлекува огромен број на обложувачи, оваа година прославува 100-годишнина.
Овие обувки имаат само една добра страна. Паричните средства кои ќе бидат собрани од продажбите се наменети за хуманитарни цели.
„Сакавме да ја прославиме 100-годишнината со стил, затоа што ова е еден од најпрестижните настани поврзани со трки со коњи“ – изјавил Енди Лулхем од најголемата компанија за обложување Betfair.