Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Првите дијамантски контактни леќи чинат 15.000 долари

ФОТО: Првите дијамантски контактни леќи чинат 15.000 долари

Сакате блескав, ама навистина блескав поглед? Тогаш издвојте си 15 000 долари за дијамантски контактни леќи.

За изработка на леќите се употребени 18 мали дијаманти и злато. Нивниот креатор прво ги направил леќите само со златна прашина, но не го добил блескавиот ефект што го посакувал. Идејата за дијамантите ја добил од својата жена која си имала ставено дијаманти на забите.

Дијамантски контактни леќиПрвите дијамантски контактни леќи

Не се чудете ако овие леќи, први од ваков вид, наскоро станат популарен моден додаток. Индискиот креатор Чандрашекар Чаван тврди дека на личности од Боливуд веднаш им се допаднала идејата и дека леќите ќе бидат „ин“ во модната индустрија.

„Секогаш додека зборуваме се гледаме очи в очи и ако вашите очи блескаат со дијаманти, никој нема да може да гледа на друго место, нивните очи ќе бидат залепени за вас и вашата личност“ – вели оптимистички настроениот Индиец кој гледа многу светла иднина за својата креација.

„Наместо да даваат дијамантски прстен при предлагање на брак, луѓето ќе користат леќи со дијаманти“ – изјавил тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.