Ирина Шајк е шик убавица во летниот каталог на „Bebe“. Популарниот модел ја презентираше колекцијата „Cirque du Chic“, заедно со својата колешка Грејси Карвало.
Креациите се инспирирани од карневалите и циркусите, а основната палета е составена од бела боја и црвени и сини нијанси. Познатиот бренд си поигра со асиметрични кроеви, реси, чипка и романтични слоеви од тул и органза.
Фотографиите се дело на Маријано Виванко.