Сè што излегува од рацете на Карл Лагерфелд доаѓа со висока цена. Или, барем досега беше така. Затоа сега неговите обожавателки не можат да ја сокријат својата возбуда – Карл ќе пушти во продажба достапна колекција за синџирот продавници Macy’s.
Новата есенска колекција меѓу другото вклучува едноставни црни и цветни фустани, црно-бели фустани со „остри“ јаки, кратки панталони, сукњи и елечиња од твид и јакни од вештачка кожа. Цените се движат од 50 до 170 долари.
„За мене Macy’s е совршената продавница во САД каде што секој може да го пронајде она што го бара, без да си го уништи буџетот“ – пишувало во соопштение од 77-годишниот дизајнер.
Денес беше објавена целата колекција.