Почетна » Новости » Мода » Карл Лагерфелд замина во легендите: Талентираниот дизајнер на Шанел почина на 85 години

Карл Лагерфелд замина во легендите: Талентираниот дизајнер на Шанел почина на 85 години

Карл Лагерфелд го напушти овој свет. Легендарниот дизајнер почина на 85-годишна возраст во Париз. Сè уште не е позната причината за смртта.

Карл Лагерфелд

Талентираниот дизајнер беше креативен директор на модните куќи Шанел и Фенди, како и на брендот кој го носеше неговото име.

Неговиот препознатлив стил му го донесе статусот модна икона. Влијанието на Лагерфелд на развивањето на модната индустрија е неспорно, а талентот го покажуваше не само како креатор, туку и како илустратор, фотограф и издавач.

Карл Лагерфелд Карл Лагерфелд

Неговите фанови изразија загриженост за неговото здравје кога тој ненадејно го откажа појавувањето на ревијата на Шанел минатиот месец.

Лагерфелд се појави на модната сцена во 1954 година, кога учествуваше во натпревар за дизајнирање заедно со Сен Лоран. Жирито, во кое беа Кристијан Диор и Живанши, му ја даде наградата во категоријата палто на Лагерфелд, а Сен Лоран победи во категоријата фустан.

Карл Лагерфелд

Откако нижеше искуства во повеќе врвни модни куќи, Карл започна да дизајнира за Фенди во 1965 година, а застана на чело на Шанел во 1983 година.

Карл Лагерфелд Карл Лагерфелд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20938 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.