Почетна » Новости » Занимливости » Мачката на Карл Лагерфелд лани заработила 3 милиони евра, има две слугинки

Мачката на Карл Лагерфелд лани заработила 3 милиони евра, има две слугинки

Живееме во свет во кој мачката на Карл Лагерфелд заработува милиони и има две лични слугинки.

Креативниот директор на модната куќа Шанел сподели дека неговата мачка Шупет со два проекти како модел заработила 3 милиони евра. За споредба, на ангелот на Victoria’s Secret Кендис Сванапул ѝ беше потребна цела година за да ја заработи истата сума.

Шупет Карл со ШупетКарл со Шупет

Во интервју за The Cut, Лагерфелд ја возвишуваше својата мачка и ја спореди со Грета Гарбо.

„Шупет не ми беше дадена. Шупет му припаѓаше на мој пријател, кој ме праша дали мојата куќна помошничка може да се грижи за неа две недели додека тој е отсутен. Кога се врати, му беше кажано дека Шупет нема да се врати кај него. Тој доби друга мачка која се здебели, а Шупет стана најславната мачка на светот и најбогатата.“

„Минатата година таа имаше два ангажмани и заработи 3 милиони евра. Едниот беше за автомобили во Германија, а другиот за производи за убавина во Јапонија. Не ѝ дозволувам да снима реклами за храна и слични такви нешта. Таа е премногу софистицирана за тоа. Има нешто уникатно кај неа. Таа е како човечко суштество, но убавото е што молчи. Не мораш да дискутираш со неа. Таа мрази други животни и мрази деца. Секогаш е со мене и има две лични слугинки. Тие си играат со неа, тие мора да се грижат за нејзиното убаво крзно и за третманите за разубавување на нејзините очи, тие ја забавуваат. Таа е центарот на светот. Ако ја имате видено, ќе знаете за што зборувам. Таа е како Грета Гарбо. Има нешто што е незаборавливо кај неа, во начинот на којшто се движи и во начинот на којшто си игра. Таа е инспирација за елеганција“ – изјавил 81-годишниот Лагерфелд.

Шупет Шупет Шупет Шупет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20937 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.