Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Венчаницата на Бела од „Breaking Dawn“ достапна за секоја невеста

ФОТО: Венчаницата на Бела од „Breaking Dawn“ достапна за секоја невеста

Twilight-манијата го тресе светот. Непосредно по премиерата на долгоочекуваното продолжение од вампирската сага и по големата еуфорија која се крена за венчаницата на Бела, Алфред Анџело направи евтина верзија на фустанот која доаѓа со достапна цена.

Фустанот е со долги ракави и секси чипка на грбот, а се продава за 600 евра, па може да го има секоја невеста која сака да донесе малку вампирска романтика на својот свадбен ден.

Венчаницата на Бела

Оригиналниот фустан на Бела во филмот е дизајниран од Каролина Ерера, која денес најави дека поради големиот интерес наредната година во своите бутици ќе продава фустани исти како оној на Бела.

Познатата дизајнерка го креирала фустанот специјално за филмот и максимално се обидувала фустанот да ѝ прилега на карактерот на Бела. „Инспирацијата во мала мера дојде од книгата и описот на книгата, магијата, моментот на свадбата и од карактерот на Бела кој е многу важен за невестински фустан. Таа е невина девојка која верува во првата љубов, па има романтика, фантазија и мистерија“ – изјавила Каролина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.