Судејќи по изгледот на Гвинет Палтроу, ретко кој би рекол дека таа има 44 години.
Познатата актерка се разголи за најновото издание на „Harper’s Bazaar“, покажувајќи го својот сексапил и импресивната фигура. За фотосесијата, Палтроу позираше во супермаркет облечена во дизајнерски креации од модните куќи Louis Vuitton, Armani, Saint Laurent и Eres и обувки од Manolo Blahnik, Saint Laurent и Gianvito Rossi.
На една од фотографиите, Гвинет носи црн припиен фустан од сопствената колекција за Goop.