Почетна » Новости » Мода » ФОТО: 25 стилски моменти на Ема Вотсон за нејзиниот 25. роденден

ФОТО: 25 стилски моменти на Ема Вотсон за нејзиниот 25. роденден

Ема Вотсон порасна пред очите на јавноста и денес го слави 25. роденден. Слатката „волшебничка“ од филмовите „Хари Потер“ се претвори во атрактивна млада дама.

Шармантната актерка, која е мошне пребирлива кога станува збор за прифаќање на нови улоги, минатата година дипломира на Универзитетот Браун, а од неодамна активно се залага за еднакви права на мажите и жените. Во септември минатата година, Вотсон ја започна кампањата на Обединетите нации „He For She“ со моќен говор, со кој ги повика мажите да дадат свој придонес за постигнување на родова еднаквост.

Секој чекор на Ема на црвениот тепих е будно следен, а секој нејзин стилски избор е детално анализиран. Погледнете 25 од највпечатливите стилски моменти на Вотсон, која наредно ќе ја видиме во дизниевата бајка „Убавицата и ѕверот“.

Ема Вотсон
Ема Вотсон Ема Вотсон
Ема Вотсон
Ема Вотсон Ема Вотсон
Ема Вотсон
Ема Вотсон Ема Вотсон
Ема Вотсон Ема Вотсон
Ема Вотсон Ема Вотсон
Ема Вотсон Ема Вотсон
Ема Вотсон Ема Вотсон
Ема Вотсон
Ема Вотсон Ема Вотсон
Ема Вотсон
Ема Вотсон Ема Вотсон
Ема Вотсон Ема Вотсон

Говорот на Ема за кампањата „He For She“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19681 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.