Хелен Мирен зачекорува во осмата деценија од својот живот. Англиската актерка денес го слави својот 70. роденден.
Славната дама, која се закити со Оскар за филмот „The Queen“, речиси 50 години ги освојува срцата на обожавателите на филмот и театарот со силни изведби. Покрај престижната награда од Академијата за филмски уметности и науки, има добиено и четири Бафта статуетки, четири Еми награди и една Тони награда.
Мирен е доказ дека самодовербата е најпривлечна особина и дека со годините стилот само се подобрува. Долче и Габана се нејзини омилени дизајнери и често на црвениот тепих таа ја покажува својата грациозност во нивни креации.
Прекрасна на секоја возраст...