Долгоногата манекенка Жизел Бундхен е на добар пат да стане првиот супермодел кој заработил милијарда долари, а воедно и првата милијардерка во Бразил којашто сама си го заработила своето богатство.
Форбс проценува дека 30-годишната манекенка ќе им се придружи на мега богаташите благодарение на нејзиниот изглед и чувството за водење бизнис.
Освен што Жизел заработува како модел, таа има и свои брендови кои дополнително ги полнат нејзините банкарски сметки. Таа поседува линија за долна облека, линија за нега на кожата, а соработува со многу фирми за промоција на нивните производи.
Само во изминатата година Жизел има заработено 45 милиони долари, а според проценките на Форбс, во изминатата деценија таа заработила 250 милиони долари.
Па, не е далеку денот кога Жизел ќе може да прослави за првата милијарда.