Последната колекција за Шанел на легендарниот Карл Лагерфелд, кој почина минатиот месец, беше презентирана во рамките на Париската недела на модата.
На модното шоу дефилираа неговите музи, меѓу кои беа Пенелопе Круз, Кара Делевин и Каја Гербер, а дел од моделите со солзи во очите чекореа на пистата.
Темата на шоуто беше инспирирана од снежните Алпи, со што модната куќа му оддаде чест на Лагерфелд, кој е роден во Германија.
Ѕвезди како Моника Белучи, Наоми Кембел, Клаудија Шифер, Кристен Стјуарт, Марион Котијар, Џанел Моне, Попи Делевин.... од првиот ред го следеа шоуто.