Ирина Шајк се смета за една од најубавите жени во светот. Атрактивната Русинка, која направи „бум“ во модната индустрија, го прослави својот 31. роденден.
Во текот на својата долгогодишна кариера, успешниот модел има склучено договори со бројни модни брендови и има разубавувано стотици модни списанија. „Intimissimi“, „Bebe“, „Avon“ и „Love Republic“ се само дел од брендовите кои ја имаат ангажирано славната манекенка за своите кампањи.
Минатата година, Шајк за првпат беше дел од спектакуларното шоу на Victoria’s Secret, каде дефилираше бремена со своето прво дете со актерот Бредли Купер.
По повод 31. роденден на славната манекенка, потсетете се на највпечатливите фотографии од нејзини фотосесии.