Роузи Хантингтон-Вајтли во изминатите денови присуствуваше на неколку настани во рамките на Њујоршката недела на модата. На секој од нив, таа шармираше во модерни комбинации кои го истакнуваа нејзиниот сексапил.
За ревијата на Ралф Лорен на терасата „Bethesda Terrace“, 31-годишниот модел пленеше во долг сако-фустан.
За забавата на Џими Чу, Роузи повторно избра бел фустан, кој го комбинираше со чизмите „Hurley 100“ од Џими Чу.
Синоќа, убавата Британка беше гостинка на свечена вечера организирана од The Business of Fashion. Таа носеше црна ролка и долго здолниште од The Row.