Ријана отсекогаш строго се придржувала кон зацртаниот дрес-код на балот МЕТ. Годинава темата беше „Heavenly Bodies: Fashion and the Catholic Imagination“, па аутфитот на музичката ѕвезда беше инспириран од облеката на лидерот на Католичката црква – папата.
Креацијата на Ријана е дело на Џон Галијано за модната куќа Maison Margiela.
Покрај блескавиот накит од брендовите Gilan, Narcisa Pheres и Maria Tash, таа во својот изглед вклучи и чевли со потпис на францускиот дизајнер Кристијан Лобутин.