Ева Лонгорија минатата година дебитираше во модниот свет како дизајнерка, а сега ја објави својата прва самостојна колекција под брендот EL.
„Креирањето на оваа колекција отсекогаш бил мој сон. Шијам од 7-годишна возраст, па целото ова патување е неверојатно доживување за мене“ – вели таа.
Пролетната колекција се фокусира на облека која можат да ја носат сите жени, без оглед на градбата на нивното тело или конфекцискиот број, што значи дека најголем дел од материјалите се растегливи.
„Сакам да работам со одлични материјали кои се комфорни, нежни на допир и ги чувствуваш убаво на телото... Сите мои пријателки, сестри и роднини носат различни големини, па сакав да сум сигурна дека мојата линија ќе биде достапна за секоја жена“ – објаснува таа.