Стилот на принцезата Кетрин е беспрекорен.
41-годишната припадничка на британското кралско семејство не разочара ниту при посетата на гинеколошко-акушерско одделение во болница во Сари. За пригодата, таа избра плисиран миди фустан во бојата на есента. Жолтата креација чини 220 фунти, а е дело на дизајнерката Карен Милен.
Принцезата на Велс пристигна во „Royal Surrey County Hospital“ за да научи повеќе за грижата и поддршката која болницата им ја пружи на трудниците и новите мајки.