Моментално, во Лондон се одржува црковната церемонија за погребот на кралицата Елизабета II.
Британското кралско семејство пристигна во Вестминстерската Опатија за да ѝ го каже последното збогум на Кралицата.
Кетрин се појави заедно со двете деца Џорџ и Шарлот. Двете принцези беа облечени во црни комбинации со шешир.
40-годишната принцеза на Велс носеше бисерен накит од личната колекција на Кралицата.