Почина Питер Линдберг. Легендарниот моден фотограф и режисер издиша за последен пат на 74-годишна возраст.
Причината за смртта сè уште не е откриена.
Во неговата 5-децениска кариера, германскиот фотограф соработуваше со стотици холивудски и модни ѕвезди, како Синди Крафорд, Наоми Кембел, Анџелина Џоли, Бред Пит, Џенифер Лопез, Никол Кидман и Кејт Бланшет.
Линдберг беше навистина одличен фотограф, чија креативна естетика ја обликуваше целата модна индустрија. Тој беше познат по црно-белите фотографии и доловувањето на природната убавина на жените. Питер ги редефинираше стандардите за убавина, одбивајќи, со помош на Фотошоп, да ги доведува своите модели до совршенство.
Последен негов голем проект беше „Силите на промената“, фотосесија која ја сними со 15 импресивни жени за септемвриското издание на „Вог“, чиј гостин-уредник беше Меган Маркл.