Кралицата Летиција и кралот Фелипе беа домаќини на државен банкет во кралската палата во Мадрид, Шпанија, во чест на Претседателот на Португалија.
45-годишната кралица изгледаше отмено и софистицирано во син фустан со бисери од шпанскиот бренд Ana Locking, основан од дизајнерката Ана Гонзалес. На главата на Летиција блескаше тијара од дијаманти и бисери.
За официјалниот пречек на португалскиот претседател, Летиција носеше сив женски костум со здолниште со сини цветни детали. Креацијата е дело на нејзиниот омилен дизајнер – Фелипе Варела.