Првото шоу на Версаче откако брендот влезе под капата на Michael Kors Holdings се одржа во Њујорк и привлече многу славни личности.
Меѓу гостите кои ја проследија ревијата за сезоната pre-fall 2019 се најдоа Блејк Лајвли, Оливија Палермо, Ким Кардашијан, Кание Вест, Вини Харлоу, Ума Турман, Мери Џеј Блајџ, Парис Џексон, Трејси Елис Рос, Тејана Тејлор, Сара Сампајо, Лупита Нионго, Сиара, Даен Кругер, Норман Ридус и Даниела Брага.
На пистата дефилираа повеќе познати модели како Џиџи Хадид, Ирина Шајк, Каја Гербер, Емили Ратајковски, Кендис Сванапул, Амбер Валета и Хејли Болдвин.
Говорејќи за Њујорк, Донатела Версаче изјавила: „Тука има слобода. Има судир на култури. Има креативност... Никогаш не спијам тука. Никогаш не сум уморна.“