Почетна » Новости » Мода » Модно соочување: Анџелина Џоли vs. Кристина Агилера

Модно соочување: Анџелина Џоли vs. Кристина Агилера

Анџелина Џоли и Кристина Агилера имаат сосема различен стил на облекување, па интересно е да се види како двете ѕвезди вклопиле ист фустан во својот имиџ.

Пред три дена Кристина Агилера се појави на доделувањето на наградите Alma во црн долг фустан со чипка и висок шлиц, кој е креација на Мајкл Корс. Кристина го имаше комбинирано фустанот со обувки Кристијан Лобутин, впечатлив блескав накит и фризура коњско опавче обоено во виолетова боја.

На почетокот на годинава, Џоли го носеше истиот фустан на доделувањето на наградите на американското здружение на продуцентите. Џоли го финишира изгледот со обувки на Салваторе Ферагамо и минимален накит на Роберт Прокоп. За свечениот настан таа имаше едноставна фризура со големи локни и нежна шминка.

Кристина Агилера Анџелина Џоли
Кристина Агилера Анџелина Џоли
Кристина Агилера Анџелина Џоли

Која е вашата пресуда? Чиј изглед ви се допаѓа повеќе?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.