Меланија Трамп ретко ги повторува своите стилски изданија, но приреди модно „дежа ву“ на свеченост во Белата куќа.
На церемонијата „Медал на слободата“, Првата дама на САД се појави во тесен син фустан од Ролан Муре, кој го искомбинира со чевли од Кристијан Луботин.
Истата креација Меланија ја носеше и во март 2016 година, на политички настан во Мичиген.