Луисана Лопилато беше меѓу бројните славни личности кои дефилираа на ревијата на L’Oréal во Париз.
На модното шоу, кое се одржа под Ајфеловата кула, ѕвездата од серијата „Млади бунтовници“ буквално заблеска во свечен асиметричен фустан.
Колоритната креација на сопругата на Мајкл Бубле беше украсена со пердуви, а во видеото се гледа радоста на нејзиното лице што е дел од настанот.
"Luisana Lopilato":
— ¿Por qué es tendencia? (@porquetendencia) October 3, 2023
Por su participación en #LeDefileLOreal pic.twitter.com/YoEXx8vbLh
Луисана минатата година го роди четвртото дете. Таа и Мајкл Бубле се родители на 10-годишниот Ноа, 7-годишниот Елиас, 5-годишната Вида и 13-месечната Сиело.