Лидери од целиот свет се сретнаа во Буенос Аирес по повод самитот Г-20. Политичкиот свет внимателно го следеше секој нивен потег и збор, а модниот свет го насочи вниманието кон нивните партнерки.
Најголеми комплименти за стилот добија Меланија Трамп и „домаќинката“ Хулијана Авада.
Првата дама на Аргентина ги пречека сопругите на лидерите во градината на „Villa Ocampo“. 44-годишната Авада носеше бел фустан и минималистички сандали.
За првата средба за време на дводневниот самит, Меланија избра цветен фустан од Гучи кој чини 4.900 долари и зелени чевли од Маноло Бланик.
Двете дами позираа со останатите гостинки меѓу кои турската прва дама Емине Ердоган, француската прва дама Брижит Макрон, јапонската прва дама Акие Абе, кинеската прва дама Пенг и сопругата на канадскиот премиер, Софи Трудо.
Истакнатите гости вечерта присуствуваа на свеченост во театарот „Колон“. Белата вечерна креација, со која Хулијана блескаше до својот сопруг Мауруцио Макри, предизвика голем бран позитивни критики.
Меланија изгледаше шармантно во виолетов фустан од Рим Акра.
На вториот ден, дамите го посетија Музејот за латино-американска уметност.
Точкестиот фустан на Меланија го потпишува модната куќа Диор и доаѓа со цена од речиси 10.000 долари.
Авада беше облечена во фустан со флорални мотиви од Евангелина Бомпарола.
И за средбата со кинескиот претседател Си Ѓинпинг и неговата сопруга Пенг, Авада имаше подготвено фантастична комбинација.