Ајрис Апфел ја живее 11-тата деценија од нејзиниот живот. Легендарната модна икона го прослави 102-риот роденден.
Дамата со ексцентичен стил објави фотографија за овој специјален ден и дувна свеќичка на роденденско колаче во друштво на Дона Каран, Кристи Бринкли и нејзината ќерка Алекса Реј.
„Среќен роденден на Ајрис! Таа има 102 години и има повеќе стил од мене и од вас. Таа е Кралица на модата“ – стои во објавата на Кристи на Instagram.
Апфел е позната по волуменозните кружни очила, смелата смисла за мода, изостреното чувство за комбинирање на различните принтови и желбата за забава.