Ајрис Апфел создаде нова козметичка колекција во партнерство со Ciaté London.
101-годишната модна икона со ексцентричен стил соработуваше со британскиот бренд за креирањето на нови осум производи.
Апфел е позната по својот уникатен и колоритен стил, па не е изненадување што и пакувањата на козметичките производи зрачат со живост и вибрантни бои.
„Би било ужасно доколку сите мислеа дека истите нешта се убави“ – вели таа во видео од снимањето на фотосесијата. „Преку оваа колекција сакам да експериментирате и да бидете вашето автентично смело јас!“ – напиша Ајрис на Instagram.